Top Sport

Спарси за Ленард ги бараат тројцата најталентирани во ЛА Лејкерс

Сан Антонио Спарс се подготвени да останат без најдобриот играч Кавај Ленард, но само доколку ЛА Лејкерс во замена за популарниот Канџа, им испратат половина тим.

Лејкерси не кријат дека се заинтересирани за Ленард, но прашање е дали „езерџиите“ ќе сакаат да се откажат од тројца исклучително талентирани играчи: Џош Харт, Брендон Инграм и Кајл Кузма.

Овие тројца се само дел од она што Спарс го бараат за Ленард. Од Сан Антонио покрај тројцата талентирани кошаркари побарале два пика од првата рунда на наредните драфтови и уште две замени на пиковите.

Во кошаркарските кругови во САД, ова се оценува како преголема цена за еден од најдобрите одбрамбени играчи во лигата, кој во 2014 година беше прогласен за МВП на финалната серија.

Инаку, Ленард, по секоја цена сакал да замине од Сан Антонио, а според информациите од САД бил подготвен и да не игра оваа сезона, а тимот да го смени во летото 2019 година кога ќе стане слободен играч.

Scroll to Top