Бруклин Нетс славеа победа против Индијана Пејсерс 129:121. Дел од спектакуларниот меч во „Гејнбриџ филдхаус“ во Индијалнаполис беше и Кајри Иривинг, кој го одигра првиот натпревар од почетокот на сезоната.
Спектаклот во Индијанаполис го режираа Кевин Дурент и Домантас Сабонис. Кеј Ди забележа 38 поени, осум скока и седум асистенции. Сабонис пресметката ја заврши со трипл-дабл од 32 поени, 12 скока и 10 асистенции.
Кај Бруклин деби во сезоната имаше Ирвинг. Натпреварот го заврши со 22 поени. Покрај Дурент и Ирвинг уште четворица играчи на Бруклин постигнаа двоцифрен број на поени.
Покрај Сабонис во редовите на Индијана се истакна и ветеранот Ленс Стивенсон. Повратникот во лигата натпреварот го заврши со 30 поени.