Top Sport

Спектакл во Минеаполис: Минесота го победи Бруклин (Видео)

Минесота и Бруклин го одиграа најдобриот натпревар изминатата ноќ во НБА-лигата. Без главните ѕвезди од двете страни Ендру Вигинс и Карл-Ентони Таунс (Минесота) односно Кајри Ирвинг и Кевин Дурент (Бруклин) победата ја однесоа Тимбервулфс 122:115.

Двата тима имаа свои добри периоди на игра, а во регуларниот дел Бруклин имаа повеќе шанси да ја однесат победата.

Минесота до победата ја предводеа Шабаз Напие (25 поени, 8 скока) и Џерет Калвер (21 поен). Кај Брклин прво име беше Спенсер Динвиди со 36 поени, 5 скока и 8 асистенции.

Резултати:

Орландо-Атланта 93:101
Вашингтон-Мајами 123:105
Чикаго-Милвоки 102:123
Минесота-Бруклин 122:115
Јута-Детроит 104:81
Портланд-Финикс 116:122

Scroll to Top