Top Sport

Спектакуларниот Лилард влезе во историјата на НБА

Демијан Лилард им ја донесе победата на Портлан, против Њу Орлеанс (126:124). Бекот на Портланд, одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата, со 43 поени и 16 асистенции.

Лилард во последните две минути постигна осум поени, а со поените и асистенциите директно беше заслужен за 21 од последните 23 поени на Портланд.

16 асистенции се рекордни во неговата кариера.

Лилард стана првиот играч, во историјата на Портланд, по легендарниот Клајд Дреклслер во 1986 година, со најмалку 40 поени и 15 асистенции на еден натпревар.

Исто така, Лилард е петтиот кошаркар во историјата на НБА со 43 поени и 16 асистенции.

Scroll to Top