Голден стејт Вориорс славеа победа против Минесота Тимбервулвс 124:115, а Лејкерси без Леброн немаа шанси во Филаделфија, запишаа пораз 87:105.
На крилјата на „Сплеш браќата“, Вориорс ја победија Минесота. Стеф Кари, кој одигра неколку лоши натпревар, го пронајде вистинскиот ритам, во чекор го следеше повратникот Клеј Томпсон, кој го одигра најдобриот меч откако се врати во тимот по две годишната пауза. Одличен меч одиграа Џордан Пул и Ол-стар играчот, Ендру Вигинс.
Кари погоди шест тројки од 10 обиди, мечот го заврши со 29 поени, осум скока и шест асистенции. Томсон постигна пет тројки, забележа 23 поени, четири поени помалку постигнаа Пул и Вигинс.
Минесота лошо шутираа за три поени 10/44. Карл-Ентони Таунс со 31 поен беше најефикасен, го следеше Ентони Едвардс со 27. Лоша вес за Минесота е повредат на Дианџело Расел.
Леброн Џејмс поради болка во левото колено го пропушти гостувањето на Лејкерси во Филаделфија. Без него во тимот Лејкерси немаа никакви шанси против Севентисиксерси.
Ентони Дејвис (31 поен, 12 скока) и Расел Вестбрук (20 поени) беа најдобрите играчи на Лејкерси. Џоел Ембид ја предводеше Филаделфија со 26 поени.