Top Sport

Спортскиот свет во шок и неверица по смртта на Коби, фановите се собираат пред „Стејплс центарот“

Голем број на спортисти, спортски клубови, славни личности и многу обични луѓе на социјалните мрежи реагираа со неверување и со тага по легендата на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија со уште четири други луѓе, меѓу кои е и неговата 13-годишна ќерка, Џиџи.

Скоти Пипен напиша: „Зборови не можат да го опишат тоа што го чувствуваме денеска“, Двејн Вејд едноставно не можеше да верува во тоа што се случува, додека поранешната НБА ѕвезда, Амере Стадемаер дозна за трагичната вест додека дебитираше за неговиот нов тим, Макаби Тел Авив.

Во исто време, обичните фанови почнаа да се собираат пред „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес за да му оддадат почит на човекот кој своја цела кариера ја помина во Лејкерси.

 

Scroll to Top