Top Sport

Срамен потег на Морис – Клиперси го малтретираат Дончиќ

Потегот на Маркус Морис во текот на петтиот меч од плејоф серијата помеѓу ЛА Клиперс и Далас Маверикс предизвика големо внимание во кошаркарскиот свет. Дали Морис намерно згазнал на повредениот зглоб на левата нога на кошаркарот од Словенија.

Морис тврди дека немал никаква намера и дека такво нешто воопшто не се случило.

„Лудо е да помислите дека сакам некого намерно да повредам, играм кошарка со голема почит кон себе и другите кошаркари. Десет години играм против најдобрите. Кошарката не е толку сериозна работа за да имам желба да повредам некого. И нема да се извинам за ова ср..е.“, напишал Морис на „Твитер“.

По мечот новинарите побарале и коментар од Дончиќ, го прашале дали целиот случај би бил поинаков доколку Морис се извини.

„Логично е дека имам свое мислење. Се надевам дека не беше намерно: ‘Кажете ми што мислите вие бидејќи сите ќе имаат свој став?’. Не сакам да разговарам со него. Само се надевам дека немаше намера, доколку имаше таква намера тоа е навистина грдо“, рекол Словенецот.

Инаку во петтиот меч Клиперси го декласираа Далас со 154:111 и поведиа во серијата со 3:2.

Scroll to Top