Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ, нема да настапи на Светското првенство во Кина. Србите денес патуваат за Кина каде до почетокот на СП ќе одиграат три контролни средби, против Италија, Нов Зеланд и Франција.
Теодосиќ пред десет дена, против Литванија во Белград, ја обновил повредата на мускулот.
„Сликата не е добра. Магнетната резонанца покажа раптура од 4,5 милиметри. Капитенот Теодосиќ 99 отсто нема да биде со нас на СП во Кина“, изјавил пред заминувањето селекторот Александар Ѓорѓевиќ.
Капитенот ќе остане во Белград на терапии, а Ѓорѓевиќ во Кина носи 12 играчи меѓу кои е и Владимир Лучиќ кој ја залечил повредата.
Селекторите на репрезентациите што ќе учествуваат на СП списоците ќе мора да ги достават најдоцна до 29 август.