Top Sport

Србија со голема победа во Истанбул, Грците ја „растурија“ Белгија

Србија стигна до тешко извојувана 79:72 победа над Турција на гости во Истанбул за да се доближат до пласман на Светското првенство во 2023 година, откако Грција ја декласираше Белгија со 85:68 и сега „орлите“ имаат идентичен 3-3 скор со Белгија.

Никола Јокиќ повторно ја предводеше Србија до победата со 24 поени и 10 скок, додека кај Турците беше најдобар уште еден НБА кошаркар, Чеди Осман со 22 поени. Србија имаше предност од 15 поени по првата четвртина, но Турција успеа да се врати и да поведе во последнат четвртина, пред тимот на Светислав Пешиќ да ја комплетира победата.

Блиску до Мунијал се и Грците, откако пред рекордна публика во тина стигнаа до 85:68 победа за да го подобрат скорот на 4-2.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top