Top Sport

Србинките победија во Албанија со 105 разлика

Женската кошаркарска репрезентација на Србија, попладнево, забележа неверојатна победа во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година.

Србинките кои се актуелни европски првенки, во Драч ја победија соодветната селекција на Албанија со 139:34.

Во секоја четвртина српските репрезентативки постигнале повеќе од 30 кошеви (36:15, 38:8, 32:4, 33:7).

Сите кошаркарки на Србија постигнаа поени, а најефикасни беа Милиќ со 24 и Ногиќ со 20 поени.

Претходно во оваа група Турција ја победи Литванија 71:54.

Scroll to Top