Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ ги предводеше Сакраменто Кингс до победата над Финикс Санс 120:116. Сакраменто имаат шест победи на последните осум натпревари.
Богдановиќ забележал 31 поен, четири скока, седум асистенции и три украдени топки. Тој имал неверојатна реализација од поле, погодил 78 отсто од шутевите кон кошот на противникот (4/5 двојки, 7/9 тројки). Богдановиќ блескал во втората половина од втората четвртина кога постигнал 16 поени (четири тројки).
Српскиот играч не го завршил натпреварот бидејќи поради повреда на нецели 90 секунди до крајот заминал во соблекувалната. Нема информации од медицинскиот тим на Сакраменто Кингс за каква повреда се работи.
Одличен меч одиграл и вториот Србин во Сакраменто, Немања Бјелица (17 поени, осум скока), односно младиот центар Рашон Холмс (20 поени, 15 скока).