Србинот Богдан Богдановиќ и Хрватот Дарио Шариќ ќе бидат балкански преставници на престојниот „Ол стар“ викенд во Лос Анџелес.
Овие двајца ќе бидат дел од тимот на светот кој ќе му се спротивстави на тимот на САД, односно тоа е дуел на неамериканските играчи во НБА против Американците кои ја играат својата прва или втора сезона во насилната лига во светот.
Покрај Богдановиќ и Шариќ во тимот на светот ќе играат уште и нивните соиграчи од Сакраменто (Бади Хилд) и Филаделфија (Џоел Ембид и Бен Симонс), односно Дилон Брукс (Мемфис Гризлис), Лаури Марканен (Чикаго Булс), Џамал Мареј (Денвер Нагетс), Франк Нтиликина (Њујорк Никс) и Домантас Сабонис (Индијана Пејсерс).
На другата страна ќе бидат: Лонзо Бол, Кајл Кузма и Брендон Инграм (ЛА Лејкерс), Малком Брогдон (Милвоки Бакс), Џејлен Браун и Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс), Џон Колинс (Атланта Хоук), Крис Дан (Чикаго Булс), Донован Мичел (Јута Џез0, Денис Смит јуниор (Далас Маверикс).
Овој натпревар како дел од „Ол стар“ викендот ќе се одигра на 16.февруари.