Top Sport

Србите доминираат во НБА лигата (Видео)

Најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, на крајот од секоја неделаво својот преглед потсетува на потезите кои ги одбележале изминатите седум дена.

Ако се погледне последниот избор на „Топ 10 аситенции на неделата“, неделата во НБА лигата минала во знакот на српските кошаркари.

На листата на 10 најдобри асистенции пет се во режија на Никола Јокиќ и Милош Теодосиќ. Јокиќ на листата има три, а Теодосиќ две атрактивни додавања.

Играчот на Денвер Нагетс има додавање кое е на 10.место на листата. Тој со асистенција му отвора простор на соиграчот Пламли за лесни поени.

Теодосиќ со асистенциите е на осмото и седмото место. Плејмејкерот на ЛА Клиперс без гледање додава кон Грифин кој забива на натшреварот со Мемфис, а на истиот меч со асистенција преку целиот терен му овозможува лесна реализиција на Деандре Џордан.

Јокиќ на листата се враќа на четвртото место и одново одлично соработува со Пламли на дуелот со Јута Џез.

Конечно „Џокер“ како што го нарекуваат Американците ја има и асистенцијата на неделата во НБА лигата. Станува збор за неговата мајсторија против Феникс.

Scroll to Top