Top Sport

Србите и Словенците убедливи на стартот на Мундобаскетот

Кошаркарите на Србија имаа успешен старт на Светското првенство откако убедливо ја совладаа Кина во Манила во првото коло од групата Б со резултат 105:63.

Избраниците на Светислав Пешиќ без проблем го добија овој натпревар и го оправдаа статусот на апсолутни фаворити.

Тоа што фрли мала сенка на оваа победа е повредата на Филип Петрушев во втората четвртина, откако за само неколку минути постигна осум поени. Тој не се врати во игра до крајот на мечот.

Најефикасни кај победниците беа Богдановиќ и Маринковиќ со по 14 поени.

Кај Кинезите Жао Руи постигна 17 поени, додека Ки беше стрелец на 12 поени.

Во понеделник Србија се среќава со Порторико, кој претходно денеска по драмата го совлада Јужен Судан.

Словенечката НБА-ѕвезда Лука Дончиќ даде 35 поени и додаде седум скока и шест аситенции, па ја водеше својата селекција до воведна победа на почетокот на Мундобаскетот, против Венецуела со 100:85.

Венецуелците имаа сила една четвртина да ѝ парираат на Словенија.

Scroll to Top