Килијан Мбапе и Леброн Џејмс играат на различна страна на светот и во различни спортови, но неодамна имаа средба во која имаа интересна размена на мислења и во кои сфатија дека се многу слични.
Џејмс беше во Париз како дел од неговата турнеја „Повеќе од спортист“ и си размени дресови со Мбапе, кој вчера наполни 20 години.
– На 18 години двајцата станавте спортски ѕвезди, како ви се смени животот?
Џејмс: Најголемата промена е тоа што сè што правиш се гледа под лупа. Тоа е голем предизвик и тешка ситуација за еден 18-годишник. Еден ден кажуваш што сакаш, се шеташ и се забавуваш, а следниот ден си на светска сцена и очекуваат да си некој поинаков.
Мбапе: Веќе не живееш како сите останати, имаш голема одговорност. Мораш да бидеш професионалец и да се однесуваш како возрасен.
Џејмс: Јас се подготвував бидејќи го сакав спортот како дете, од мојата четврта, петта година. Имав визија дека ќе бидам на големата сцена.
Мбапе: Секогаш сонував да сум во оваа позиција и кога стигнав до нивото, не беше крај на приказната туку почеток.