Top Sport

Српската врска го сруши Сан Антонио (Видео)

Сакраменто Кингс предводени од српскиот тандем Богдан Богдановиќ-Немања Бјелица, го прекинаа четири годишниот пост против Сан Антонио Спарс. Изминатат ноќ, Конгс славеа 104:99 и ја прекинаа серијата од 14 порази против Спарс.

Богдановиќ го предводеше тимот на Сакраменто со 22 поени и три асистенции за 25 минути на паркетот. Неговиот сонародник Бјелица постигна 11 поени (3/3 за три поени), меѓу кои е тројката во финишот за 98:90, со која го реши победникот.

foto: epa

Покрај Србите, уште четворица играчи на Сакраменто завршија со двоцифрен број на поени: Диерон Фокс (19 поени, седум асистенции), Бади Хилд (14 поени), Вили Коли-Стајн (13 поени, 13 скока), Хери Џајлс (12 поени, шест скока).

Најефикасен играч на Спарс беше Демар Дерозан со 23 поени и осум асистенции, Руди Геј постигна 14 поени, а Ламаркус Олдриџ забележа 14 поени и 18 скока.

НБА, резултати:

Вашингтон Визардс-Орландо Меџик 117:109
Мајами Хит-Филалделфија 114:124
Торонто Репторс-Њу Орлеанс Пеликанс 110:126
Чикаго Булс-Далас Маверикс 98:103
Минесота тимбервулвс-Бруклин Нетс 120:113
Мемфис Гризлис-Јута Џез 88:96
Оклахома Тандер-Феникс Санс 118:101
Сакраменто Кингс-Сан Антонио Спарс 104:99
ЛА Клиперс-Голден стејт Вориорс 121:116

Scroll to Top