Top Sport

Изнер: На ритерн Новак е број 1…број 2…број 3 во светот

Новак Ѓоковиќ, синоќа, експресно го победи Џон Изнер на завршниот Мастерс во Лондон. Во групата „Гуга Куертен“, Ѓоковиќ победи за 73 минут го победи Изнер со 6:4, 6:3.

Американецот, познат по своите силни сервиси и кој има моќен форхенд, едноставно немаше шанси против ритернот и дефанзивата што ја демонстрираше Ѓоковиќ.

foto: epa

По мечот, Изнер во суперлативи ја коментирал играта на Ѓоковиќ. Одговарајќи на прашањето дали Ѓоковиќ го има најдобриот ритерн во светот?

„Тој е број 1…и број 2…и број 3“, рекол Изнер.

Инаку дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Изнер, во Лондон го гледаше и еден од најдобрите фудбалери во историјата Кристијано Роналдо со семејството.

Роналдо со семејството ги гледаше Ѓоковиќ и Изнер (Видео)

Scroll to Top