Top Sport

Српски кошаркар остана без бубрег откако се повреди на Светското првенство

Српскиот кошаркарски репрезентативец Бориша Симаниќ, остана без бубрег по итна операција во Манила, каде што се игра Светското првенство, откако беше повреден на мечот против Јужен Судан.

Симаниќ на мечот со Јужен Судан доби тежок удар во пределот на бубрегот, по што беше пренесен во клиника, каде докторите донеле одлука дека мора да следи операција и да му биде изваден повредениот бубрег.

„Веднаш откако излезе од игра Бориша Симаниќ, кој после ударот и неможноста да продолжи поради силни билки, беше испратен на интензивниот оддел на клиниката во Манила. Таму прво беше хоспитализиран за неговата состојба да биде под постојан надзор, за потоа под надзор на докторот на репрезентацијата на Србија, проф.д-р Драган Радовановиќ да биде и опериран“, објави Кошаркарскиот сојуз на Србија.

Бориша Симаниќ е кошаркар на шпанскиот прволигаш Сарагоса.

Scroll to Top