Изминатата ноќ во НБА лигата се Филаделфија и ЛА Клиперс разменија неколку кошаркари. Главна ѕвезда на овој трејд, во кој е вклучен и српскиот центар Бобан Марјановиќ е бекот Тобајас Херис.
Покрај Херис и Марјановиќ од ЛА Клиперс во Филалдлефија замина и Мајк Скот. Килиперс во овој трејд ги добија Вилсон Чендлер и Мајк Мускала, односно пик од првата рунда на драфтот во 2020 година и заштитениот пик во првата рунда на драфтот во 2021 година, како и и по еден пик на драфтовите во втората рунда, во 2021 и 2023 година.
Клиперси со овој трејд и со оглед на тоа колку пикови имаат на наредните драфтови, тргнаа во реконструкција на тимот, додека Филалдлефија во Херис доби потенцијален „Ол Стар“ играч, со кој ќе си направи своја „голема четвртока“ (Херис, Батлер, Ембид и Симонс).
Херис од Филалделфија, по завршувањето на сезоната, може да добие максимален договор бидејќи ќе стане слободен агент. Исто така, во Филалделфија, наредното лето планираат да му понудат долгорочен договор и на Џими Батлер.