Top Sport

Стартната петорка на Партизан е идеалната петорка во Еврокупот

Идеалната петорка во Еврокупот, во изборот на навивачите, ја формираа кошаркарите на Партизан.

Црно-белите играа најдобро во оваа натпреварување, во текот на целата сезона, а според прогнозите беа главни фаворити за трофејот.

Еврокупот на својата интернет страница го организираше гласањетоо за најдобрата петорка во сезоната.

На бековските позиции се Маркус Пејџ и Огњен Јарамаз, на позицијата ниско крило е Раде Загорац, крилен центар е Рашон Томас, а центар Вилијан Мозли.

Партизан минатата сезона одигра 16 натпревари во Еврокупот, забележа 12 победи.

Наредната сезона црно-белите повторно ќе играат во Еврокупот, тие се во група со Уникс Казањ, Хувентуд, Венеција, Бахчашехир и Бург.

 

Scroll to Top