Top Sport

Жофри Ловерњ во Жалгирис

Францускиот кошаркар Жофри Ловерњ денес потпишал договор со најтрофејниот литвански клуб, Жалгирис.

Ловерњ е донесен како замена за Џок Лендејл кој се очекува во наредните денови да тргне по стапките на тренерот Шарунас Јасикевичиус и да потпише договор со Барселона.

Францускиот репрезентативец изминатите две сезони го носеше дресот на Фенербахче, а претходно играше во Денвер, Чикаго, Оклахома и Сан Антонио.

Минатата сезона во Евролигата 28 годишниот кошаркар во просек по натпревар бележел по 6,3 поени и 2,7 скока.

 

Scroll to Top