Top Sport

Стеф Кари блесна во триумфот на Голден Стејт

Актуелниот шампион во НБА лигата, тимот на Голден Стејт Вориорс, оствари важна победа на домашен терен славејќи над Њу Орлеанс Пеликанс со 120:109. Со тоа „вионите“ држат чекор во борбата за пласман во плеј-офот.

Фантастична вечер имаше Стеф Кари кој натпреварот го заврши со 39 поени. Томпсон заврши со 17 поени, но постави личен рекорд по бројот на тројки во една сезона. Сега ги има 277 и на добар пат е до крајот на сезонава да стигне и до 300.

Кај поразените Брендом Инграм постигна 26 поени.

Вашингтон го изненади Бостон и го победи со 130:111. Кристапс Порзингис беше прво име кај домаќинот и воопшто на мечот со 32 поени, 13 скока и шест асистенции.
Резултати НБА: Вашингтон – Бостон 130:111, Атланта – Кливленд 120:118, Торонто – Мајами 106:92, Мемфис – Орландо 113:108, Оклахома – Шарлот 134:137, Голден Стејт – Њу Орлеанс 120:109.

Scroll to Top