Top Sport

Стеф Кари „крадел финти“ од Шпанецот Наваро

Победникот во брзо шутирање тројки на неодамна одржаниот ОЛ-стар викенд во НБА лигата, бекот на Голден стејт, Стеф Кари призна од кого „крадел финти“ во текот на кариерата.

Она што многумина изненади, се работи за играч од Европа – шпанскиот кошаркар, Хуан Карлос Наваро.

„Еднаш играв против него во дуел на репрезентациите, а имам гледано многу негови снимки. Креативноста, изборот на шут, ритамот на теренот, сето тоа се гледа и кога гледате телевизија, но и кога играте против него. Го гледав како шутира тројки со една нога и како се движи по теренот. По нешто научив и применив во мојата игра. Неколкупати и самиот се обидов да шутнам тројка со една нога“ вели Кари.

Scroll to Top