Top Sport

Стеф Кари – Кралот на шутевите за три поени

Кошаркарот на Голден стејт Вориорс, годината ја заврши со нов рекорд. Кари во 2021 година успеа да погоди 495 тројки, најмногу во историјата на НБА лигата.

Најдобриот шутер во историјата, го урна сопствениот рекорд од 486 тројки, поставен во 2016 година.

Трет на вечната листа е Џејмс Харден, зад него е е Кари, а на петтото место е Бади Хилд од Сакраменто Кингс.

Кари оваа година успеа да го урне рекордот на Реј Ален, според бројот на постигнати тројки во кариерата. Пред три недели во „Медисон Сквер Гарден“, тој ја постигна својата 2.974.тројка во кариерата.

Бекот на Голден стејт, годината ја заврши и како привот играч кој во кариерата постигнал преку 3.000 тројки.

Scroll to Top