Во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“, најдобриот шутер на сите времиња, Стеф Кари, влезе во историјата на НБА лигата. Бекот на Голден стејт Вориорс стана играч со најмногу постигнати тројки во историјата. Кари го урна рекордот на Реј Ален.
Кари, рекордот го урна во првите пет минути од натпреварот со Њујорк Никс. Погоди две тројки од три обиди. За да дојде до бројката од 2.974 му беа потребни 789 натпревари.
2974. (via @NBATV) pic.twitter.com/4t8K6q4dIz
— SLAM (@SLAMonline) December 15, 2021
Рекордот Кари го прослави во прегратките на својата мајка, потоа му честиташе и човекот чии рекорд го урна, Реј Ален.
Steph Curry hugs Ray Allen after breaking his three-point record ? pic.twitter.com/XsKci7cmLv
— NBA TV (@NBATV) December 15, 2021
На крајот не можеше да ги контролира емоциите, тој заплака на клупата.
An emotional moment for the greatest 3-point shooter in NBA history. pic.twitter.com/uctYRr5fer
— NBA TV (@NBATV) December 15, 2021
Кари има постигнато најмалку една тројка на 152 натпревари по ред, што е втората најдолга низа во НБА историјата. И овој рекорд е во негова сопственост, постигнал најмалку една тројка на 157 натпревари по ред.
Дуелот со Њујорк Кари го заврши со 22 поени и пет постигнати тројки. Вориорс славеа против Никс со 105:96.