Кошаркарот на ФПМ од Железник, Стефан Пот е прогласен за најкорисен играч во АБА лигата за месец февруари.
Пот на два натпревари овој месец против Крка и Цедевита просечно постигнуваше по 25,5 поени по мел, надополнето со 8 асистенции и 6.5 скокови, со вкупен индекс на корисност 34,5.
Пред него, за МВП на месецот беа прогласени Маркус Пејџ (Партизан), Драган Апиќ (ФМП) и Гога Битадзе (Мега).