Top Sport

Новицки: Јас најдобар европски играч во НБА? Пред мене беа Петровиќ, Кукоч и Дивац (видео)

По оценката на многу стручњаци, Германецот Дирк Новицки е најдобриот европски играч кој настапувал во НБА лигата.

Одамна беше 1998 година кога Новицки како 9-ти пик на драфтот беше избран од Далас Маверикс, тимот каде ги помина сите 21 сезона.

Титулата ја освои во 2001 година кога беше и МВП на финалето.

Сепак, тој дури и се застрамува кога ќе ми кажат дека е најдобриот играч од Европа во логата. Посебно му е непријатно за Дражен Петровиќ, Тони Кукоч и Владе Дивац, асови кои пред него го „газеа“ патот за европските играчи.

„Јас сум скромен, па секогаш кажувам дека има многумина кои пред мене го изодеа тој пат. Тука се Петровиќ, Дивац, Кукоч… Има тука многу добри играчи. Тука се и некои во ми години, како што По Гасил, а сега ги има многу повеќе. За нив само небото е граница. Беше ова лудо возење, од Германија пред 20 години до влијателна улога Далас“ – вели Новицки за „Eurohoops”.

Scroll to Top