Top Sport

Стен Ван Ганди ќе ги води „пеликаните“

НБА тимот Њу Орлеанс Пеликанс го ангажираа Стен Ван Ганди за свој тренер во наредниот период. Искусниот стручњак ќе потпише четиригодишен договор со екипата од Луизијана.

Во досегашната кариера Ван Ганди беше на клупата на Мајами Хит, Орландо Меџик и Детроит Пистонс. Има скор од 523 победи и 384 порази. Само четворица активни тренери имаат подобар учинок од него.

Ван Ганди во последниот период работеше како аналитичар на телевизискиот канал „ТНТ“.

Најголемиот успех во кариератаму беше пласманот со Орландо во големото финале, во 2009 година, каде „магичните“ доживеаја пораз од Лејкерси.

Ван Ганди на располагање ќе има талентирана екипа предводена од Зајон Вилијамсон, Брендон Инграм, Џру Холидеј и Џеј Џеј Редик.

Претходната сезона на клупата на „пеликаните“ седеше Алвин Гентри кој имаше учинок околу 50% во текот на петгодишниот мандат.

Во 18-годишното постоење на клубот, „пеликаните“ никогаш не отишле подалеку од втора рунда во плеј офот.

Scroll to Top