Поранешниот комесар во НБА-лигата, Дејвид Стерн го коментирал Светското првенство во Кина, нагласувајќи дека најдобрите американски играчи го откажале настапот бидејќи им било напорно две лета да играат националниот тим.
Пред почетокот на подготовките за настап на Мундијалот во Кина повикот на селекторот на САД, Грег Попович, не го прифатиле 29 кошаркари.
Американците вечера испаднаа од Франција во четврт-финалето. Денес тие ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место.
Поранешниот комесар во НБА-лигата е убеден дека ФИБА направиле грешка кога донеле одлука светско првенство да се игра во годината што им претходи на Олимписките игри.
„ФИБА погрешија што реши светските првенства да се играат во непарни години. Ова се последиците. Треба да барате од НБА-играчите да играат напорна сезона, потоа да настапат на светско првенство, па потоа да играат уште една напорна сезона, па да настапат на олимписки игри. Мислам дека поради тоа играчите откажуваа. Сепак мене ми беше интересно што гледав толку млади играчи на светското првенство“, рекол 76 годишниот Стерн.
Дејвид Стерн бил комесар на НБА-лигата во периодот од 1984 до 2014 година.