Top Sport

Стив Кер ја скрши таблата и ја повреди раката (фото)

Голден Стејт Вориорс и понатаму се „осакатени“ со повредени играчи, но синоќа успеаја да стигнат до четвртата победа во 19 НБА меч сезонава. Го совладаа Чикаго Булс со 104-90.

Можеби им помогна и моментот на лудило на тренерот Стив Кер кој ја скрши таблата за цртање на акциите, а притоа заработи и повреда на раката.

„Тоа е само површинска рана. Ја скршив таблата, тоа ми е првата од двете. Имам право да скршам две во сезона. Секогаш се сечам на истото место, само овојпат расекотината е малку подлабока, најверојатно затоа што бев многу вознемирен“ – рече Кер.

Scroll to Top