Top Sport

Ибрахимовиќ е „Јуда“ за навивачите на Малме (фото)

Навивачите на шведски Малме не престануваат да сквернават се што има врска со легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ. Нивната хајка не престанува.

Ибрахимовиќ ја подели земјата и предизвика гнев кај навивачите во неговиот роден град, во клубот каде ја започна големата кариера откако пред неколку дена стана косопственик на нивниот најголем противник – Хамарби.

Таков „грев и предавство“ навивачите на Малме не можат да простат, па почнаа да се одмаздуваат. Најпрво ја осквернавија и ја запалија неговата статуа, по што следуваше и порака на вратата од неговата семејна куќа во Малме.

На вратата со големи букви стои натпис „Јуда“, а плочката со неговото име е полиена со солна киселина. На крај му оставија и морбидна порака „R.I.P” што во превод значи „пчивај во мир“.

Шведската полиција започна истрага и ги бара вандалите.

Scroll to Top