Легендарниот поранешен НБА кошаркар, Стив Неш потпиша четиригодишен договор со Бруклин нетс за да биде нов тренер на клубот откако сопственикот Џо Цаи и генералниот менаџер Шон Маркс успеале да го убедат.
„По состанокот со повеќе кандидати, знаевме дека не чека тешка одлука. Во Стив гледаме виситнски лидер и ментор кој ќе ја добие почитта на кошаркарите. Имам привилегија да го познавам долго време и го знам каков човек е“, изјави Маркс.
46-годишниот Неш пристигнува во клубот без тренерско искуство, но има историја на лидерство и на иновативна игра. Исто така има и одлични односи со ѕведата Кевин Дурент, со кого работеше во Голден Стејт вориорс, каде што беше консултант.
Жак Вон останува главен помошник тренер во тимот, и според американските медиуми ќе стане најплатениот помошник во лигата.
OFFICIAL: The Brooklyn Nets have named Steve Nash as the 23rd head coach in the franchise’s NBA history. pic.twitter.com/SG8OoN3a8g
— Brooklyn Nets (@BrooklynNets) September 3, 2020