На легендата на Јута џез, Џон Стоктон не му се допаѓа начинот на кој Леброн Џејмс се однесува со своите соиграчи, велејќи дека би „полудел“ кога би му бил колега во Лос Анџелес лејкерс. Стоктон потсетува на повеќето ситуации во кои тимови предводени од Џејмс правеле промени сред сезона, токму под влијание на суперѕвездата.
„Јас би полудел како негов соиграч знаејќи дека можеш да бидеш потрошна роба за некој од неговите момци со кои тој смета дека мора да игра“, вели Стоктон.
Ваков момент се случи во 2019 година, кога Лејкерси го добија Ентони Дејвис од Њу Орлеанс пеликанс, давајќи поголем дел од младите таленти на тимот. Обратно, во 2018 година, по инсистирање на Леброн, тогашниот негов тим, Кливленд, продаде неколку постари играчи за да донесе помлади таленти.
Сепак, со резултатите на Џејмс нема „шега“ – тој играше во осум последователни НБА финалиња од 2011 до 2018.