Top Sport

Страхиња Стојачиќ, нашата цел на ОИ е злато

Репрезентацијата на Србија во кошарка 3х3 на Олимписките игри во Париз ќе ја претставуваат Страхиња Стојачиќ, Дејан Мајсторовиќ, Михаило Васиќ и Марко Бранковиќ.

Најдобриот светски кошаркар Страхиња Стојачиќ изјави дека за него е голема чест што ја претставува Србија и дека очекувањата се големи.

Фиба на социјалните мрежи објави дека Србија на Олимписките игри во Париз ќе ја претставува истата репрезентација која претходната година ги освои Светските и Европските првенства.

„Секако е голема чест и привилегија да се претставува Србија на ваков натпревар. Ова е најголемиот настан на кој учествуваат најдобрите спортисти и убаво е да се биде меѓу нив“, изјави Стојачиќ.

Најдобриот светски кошаркар Страхиња Стојачиќ изјави дека репрезентацијата има најголема цел и дека ќе даде се од себе да ги исполни.

„Целта е јасна, одиме на златен медал, и ќе дадеме се од себе да ја оствариме. Прво ќе ја одработиме групната фаза според планираното , ќе се потрудиме да бидеме на првите две места и да се пласираме директно во полуфиналето.

Србија во Париз ќе игра во група со САД, Литванија, Кина, Холандија, Франција, Летонија и Полска.

Српските кошаркари освоија бронзен медал на претходните Игри во Токио во 2021 година.

Игрите во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.

 

Scroll to Top