Еден од најдобрите хрватски кошаркари, Анте Жижиќ, доживеа тешка повреда на главата, за време на натпреварот на неговиот тим Макаби Тел Авив против Хапоел Хаифа.
Центарот на Макаби прво беше удрен од соиграч, а потоа со противнички кошаркар падна на паркетот, директно на задниот дел од главата.
Му беше укажувана помош повеќе од 15 минути, а докторите со количка и кислородна поддршка го однесоа Жижиќ в болница. Првите прогнози се дека се работи за потрес на мозокот, но повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден.