Во Портланд се уште не ја заборавија страшната повреда на босанскиот кошаркар, Јусуф Нуркиќ, а синоќа се случни слична ситуација. Играчот на Трејлблејзерси, Родни Худ на мечот во својата сала против ЛА Лејкерс фати една топка под својот обрач и тргна во напад, но наеднаш се сруши на паркетот.
Иако првично не се виде за каква повреда се работи, повторената снимка покажува дека играчот со број 7 кај „езерџиите“, Џаваил МекГи несакајќи стапнува во задниот дел од ногата на противничкиот играч. Худ се фати за Ахиловата тетива, а на лицето имаше болна гримаса.
„Магнетната резонанца потврди дека Родни Худ ја скина Ахиловата тетива. Те сакаме Родни“ – напишаа на официјалниот Твитер профил на Портланд.
Со сигурност се знае дека сезоната за Худ е завршена.
Сезонава тој просечно има по 11.5 поени по меч, со процент за 3 поени од одлични 49%.