Top Sport

Страшна тепачка во Мадрид: Љуљ и Пантер ја „запалија“ атмосферата, Јабуселе го „тресна“ Егзум

Партизан има огромно водство во Мадрид (80:95) и се наоѓа пред втор брејк, а тоа „кралевите“ и не можат лесно да го поднесат. Серхио Љуљ направи силен фаул над Пантер, тој се врати и замавна со тупаница, а потоа се случи жестока тепачка во која се вклучија речиси сите кошаркари на двата тима.

Најжесток беше Гершон Јабуселе, кој буквално го тресна од земја Данте Егзум.

Исклучувачки грешки добија Пантер, Лидеј, Јабуселе, Хезоња…Набрзо потоа судиите решија и да го прекинат дефинитивно мечот.

Scroll to Top