Top Sport

Судијата го повреди Мајк Тоби во првата секунда

Бизарен почеток имаше вчерашното дерби на Евробаскетот, дуелот помеѓу Германија и Словенија.

Во првата секунда се повреди Мајк Тоби, кој при судиското потфрлање на топката незгодно се приземји.

Виновник беше судијата, кој беше статичен, па словенечкиот репрезентативец наместо да слета на подот, слета на ногата и го повреди зглобот.

За среќа, тоа беше само моментална болка, а Тоби сепак успеа да одигра 25 минути во победата од 88:80 на актуелниот европски првак.

Имаше 10 поени, осум скока, по една блокада и една украдена топка.

Scroll to Top