Top Sport

Судот пресуди во корист на Ванеса Брајант – Градот Лос Анџелес на Ванеса ќе и исплати 16 милиони долари

Ванеса Брајант, вдовицата на кошаркарската легенда Коби Брајант и семејството Честер, го добија спорто против градот Лос Анџелес. Ванеса и семејството Честер го тужеа градот дека по несреќата во која загинаа нивните најмили, полициските службеници кои први пристигнале на местото на каде се урна хеликоптерот, го фотографирале телата на загинатите, а потоа ги споделувале фотографиите.

Судот одлучи дека градот Лос Анџелес ќе треба да плати 16.000.000 долари. Инаку, адвокатите бараа пет пати поголема отштета.

За време на изрекувањето на пресудата, Ванеса Брајант со дланките го прекрила лицетот и почнала да плаче, додека, по излегувањето од судницата не зборувала со медиумите.

Се огласија само адвокатите на семејството Честер, чии членови исто така беа во хеликоптерот во моментот на падот, а нивната кратка порака е дека се задоволни од пресудата.

Да потсетиме, Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум други лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26. јануари 2020 година.

Фотографиите од нивните тела набрзо почнаа да се споделуваат, поради што Ванеса го тужеше градот.

Коби Брајант е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, петкратен НБА шампион со ЛА Лејкерс, кој ја заврши кариерата во 2016 година.

Scroll to Top