Top Sport

„Супермен“ е замена за повредениот Буги

ЛА Лејкерс, како што се најавуваше експресно реагираа по повредата на Демаркус Буги Казинс и во тимот го вратија Двајт Хауард.

Некогаш најдобриот дефанзивец во НБА-лигата, минатата сезона ја мина во Вашнгтон Визардас, но се рехабилитираше од повредата на грбот, поради што е трејдуван во Мемфис Гризлис.

Во Мемфис не се задржа бидејќи клубот му врачи отказ и тој како слободен играч му се приклучи на тимот чии бои ги бранел во сезоната 2012/2013.

Во последната сезона, во која немал проблеми со повредите, 2017/2018, во Шарлотс Хорнетс имал просек од 16,5 поени и 12 скока по натпревар.

Scroll to Top