Челните луѓе на НБА лигата ја прекинаа сезоната на неодредено време. До ваквата одлука дошле откако беше објавено дека центарот на Јута Џез Руди Гобер бил позитивен на коронавирусот.
Гобер не се чувствувал добро поради што доцнел натпреварот помеѓу Јута и Оклахома, потоа мечот е одложен.
Кога дознале дека Гобер е позитивен на опасниот вирус челниците на лигата во истиот момент решиле да ги суспендираат натпреварите.
Од НБА исто така потврдиле дека Гобер не се наоѓал во арената.
Сите од Јута ќе мора да бидат прегледани, а ќе бидат тестирани и кошаркарите на Торонто, Детроит, Бостон и Њујорк. Со овие тимови кошаркарите на Јута играа во изминатите осум дена.