Тренерот на кошаркарите на Барселона, Светислав Пешиќ е прогласен за најдобар терен во шпанското првенсто за сезоната 2018/2019.
Српскиот стручњак признанието го доби на основа на постигнатите резултати во домашното првенство затоа што каталонскиот клуб во регуларниот дел од сезоната заврши на втората позиција со 27 победи и 7 порази, а притоа вторпат во низа го освои Купот на кралот.
Пешиќ првпат ја добива оваа награда.
Во февруари минатата година го започна вториот мандат во Барселона со која ја освои Евролигата во 2013 година, а во кариерата седеше и на клупата на Баерн, Црвена Звезда, Валенсија, Динамо Москва, Џирона, Рома, Келн, Алба и Босна.