Top Sport

Палермо се спаси: Само -20 бода и казна од 500.000 евра!

Олеснување на Сицилија. Само две недели по одлуката на Фудбалскиот сојуз на Италија Палермо да го испрати директно во Серија Ц поради финансиски малверзации на екс-претседателот на клубот, Маурицио Ѕампарини, се случи пресврт.

Како што пишуваат италијанските медиуми, Палермо сепак останува второлигаш по усвоената жалба од Федералниот суд.

Наместо селидба во понизок ранг, на Палермо ќе му бидат одземени 20 бода од актуелната сезона, па од 63, сега клубот каде настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски (капитен) и Александар Трајковски падна на 43.

Покрај кратењето на бодови, Палермо ќе мора да плати и казна од 500.000 евра. Идната сезона клубот нема да ја започне сезоната со минус бодови.

Палермо првобитно беше исфрлен од Серија Б со образложение дека е утврдено дека Ѕампарини перел пари директно преку клубот така што ја продал компанијата за цена која сам ја одредил, па потоа за минимална сума пак го купил Палермо.

Scroll to Top