Top Sport

„Светскиот мир“ сега е Рон Сандифорд-Артест

Контроверзниот кошаркар Рон Артест кој речиси една деценија го носеше името Мета Ворлд Пис (Metta World Peace) повторно го смени името. Во иднина ќе се вика Мета Сандифорд-Артест.

Артест реши да стане „светски мир“ во 2011 година. Тој се пристеил како се чувствувал на првиот меч кој го одиграл под тоа име.

„Помислив: ‘Ова е најглупавата работа што сум ја направил во животот. Влегував во игра и слушнав Мета Ворлд Пис. Не сакав да влезам, се срамев’. Веднаш посакав да си го вратам името, но како одминуваше времето се навикнав, се навикнаа и луѓето. Денес ми изгледа смешно“, рекол Артест.

„Се оженив и решив да го земам и презимето на мојата сопруга. Сега сум Мета Сандифор-Артест“.

Рона Артест во кариерата настапувал за неколку франшизи, а во 2010 година со Лос Анџелес Лејкерс го освои шампионскиот прстен.

Scroll to Top