Top Sport

„Манчестер е ср..е од град, а ние завршивме таму“

Сопругата на Анхел Ди Марија, Хорхелина Кардосо, не сака да се сеќава на периодот од животот кое семејството го минало во Манчестер. Ди Марија, во 2014 година за сума од 75 милиони фунти, од Реал се преслеи во Манчестер Јунајтед. Тогаш тоа беше најголемиот трансфер во англискиот фудбал.

„Живеевме во прекрасниот Мадрид, Анхел играше за најголемиот и најдобриот клуб во светот. Таму се беше совршено: начинот на живот, климата, храната…И еден ден доаѓа Анхел дома и ми вели дека добил неверојатна понуда од Манчестер Јунајтед. Збеснав, му кажав дека таму може да оди сам, дека јас и нашата ќерка ќе останеме во Мадрид. Инсистираше сите да одиме и на крајот тоа го направивме“, им раскажала на аргентинските медиуми Хорхелина Кардосо.

Сопругата на Ди Марија открила дека веднаш се сочиле со непријатности во Мадрид и шпанските медиуми.

„Шпанците не нарекуваа платеници. И знаете што, бевме платеници! Доколку работите во некоја компанија и конкурентот ви понуди двојно поголема плата, секако дека ќе прифатите“.

Таа истакнала дека животот во Манчестер бил вистинско ср..е.

„Манчестер е ужасен, ужасен, ужасен…Немам зборови да опишам колку е гаден. Најлоѓо во сето тоа беше што една година бевме таму, во посета кај Агуеро и неговата сопруга (ќерката на Марадона) и имав можност да видам колку е градот грозен. Кога излеговме од нивната куќа, на патот кон аеродромот му кажав на Анхел: „Ако треба некогаш да заминеш од Реал оди каде сакаш само не во Англија. Ова е хорор’. И една година подоцна ние завршивме во Англија и тоа во најгрдиот дел“, рекла Хорхелина Кардосо.

Ди Марија не успеа да се снајде во Манчестер Јунајтед, за „црвените ѓаволи“ во сезоната 2014/2015 одигра 27 натпревари на кои постигна три гола. По една сезона Аргентинецот се пресели во Пари Сен Жермен.

Scroll to Top