Франција е полуфиналист на СП во кошарка во Кина. „Триколорите“ денеска го земаа скалпот на моќната селекција на САД која важеше за прв фаворит за златото иако дојде со речиси трета постава во Кина.
Американците денеска го претрпеа првиот пораз по цели 13 години, а светските медиуми изнесоа „моќни“ наслови за да го опишат изненадувањето што го направија „галските петли“ предводени од Фурние, Гобер и другарите.
Американците утре против Србија ќе играат за пласман од 5-8 место, а она што им се случи денеска последен пат го искусија во 2002 година кога СР Југославија ги елиминираше во четвртфиналето на домашен терен, во Индијанополис.
Шпанска „Марка“ излезе со наслов: „Исфрлени и смешни, Дрим тимот испадна и покрај одличниот Мичел“.
Италијанска „Газета Дело Спорт“ извади наслов: „Французите сонуваат, Дрим тимот го загуби тронот“.
Француски „Л`кип“ пишува: „Поглед кон ѕвездите“, а шпански „„Ел Паис“ се чини беше најостар кон американските кошаркари – „Американците потопени со звукот на Марсељезата“.