Top Sport

Проблеми за Барса – Меси го пропушта и отворањето на ЛШ?

Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси би можел да го пропушти воведниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони против Борусија Дортмунд поради повредата на листот на ногата. Меси повредата ја заработи на тест-мечот на Барса со Наполи на подготовките во САД.

Меси, според најавите од Каталонија, сигурно ќе го пропушти и викенд мечот против Валенсија во Примера.

Аргентинецот се уште нема настапено на ниеден официјален натпревар сезонава, а поради рехабилитациониот период, тренира одвоено од екипата. Секојдневно прави прегледи, но засега не се изнесуваат информации кога Меси ќе биде подготвен за настап.

Барса мечот од првото коло од ЛШ против Борусија го игра на 17 овој месец.

Проблем со повреда има и Луис Суарез кој има повреда на Ахиловата тетива, што ја заработи на дуелот со Атлетико Мадрид.

Уругваецот би можел да биде во составот веќе на мечот против „лилјаците“.

Scroll to Top