Славниот голфер Тајгер Вудс го прашувал Мајкл Џордан за совети за „фаќање девојки“ пред неславниот скандал на голферот.
Двајцата славни спортисти имаа невообичаени секс-скандали во своите кариери, и Џордан открива дека на голферска партија со Вудс, тој побарал совети од него. 57-годишната легенда на Чикаго булс, во новата серија „Последниот танц“ кој се фокусира на неговата кариера, вели дека му дал совети.
„Му кажав само да оди и да им каже да дамите дека тој е Тајгер Вудс“, вели Џордан за случката во 1996 година според „ЕСПН“.
44-годишниот Вудс тогаш имал само 20 години, и откако стигна до низа победи на гренд слем турнирите, во 2009 година беше во центарот на невообичаен секс-скандал кој придонесе за развод од неговата тогашна сопруга Елин Нордегрен, со која има две деца. Нордегрен му ги пронајде пораките на Вудс со голем број на проститутки и стриптизети, по што го избрка од нивниот дом.
И шесткратниот НБА шампион Џордан имаше проблеми со жените во кариерата. Во 2006 година, тој мораше да оди на суд откако неговата поранешна љубовница Карла Кнафел бараше од него 5 милиони долари бидејќи ја криела нивната врска. Џордан наводно претходно и платил 250.000 долари на Кнафел.