Top Sport

Така се прави! Голден стејт ја честиташе титулата со реклама од цела страна

Голден стејт вориорс откупија реклама од цела страна во весникот „Торонто сан“ за да ја честитаат НБА титулата на Торонто репторс, кои ги спречија да стигнат до третата последователна титула.

Рекламата се појави истиот ден кога Репторс ја имаа победничката парада во Торонто, со околу 2 милиони луѓе на улиците.

„Голден стејт вориорс им честитаат на Торонто Репторс за историскиот успех и носењето на НБА титулата во градот Торонто“, се вели во рекламата покрај фотографија на Стеф Кари во прегратка со Кајл Лаури по финалето.

Репторс ја освоија титулата со 114:110 победа во шестиот натпревар во Оукленд минатата недела.

Scroll to Top