Top Sport

Талентираниот Николов се врати во МЗТ

Еден од најмладите кошаркари кои настапиле во Евролигата и најмладиот македонски репрезентативец во историјата, Кристијан Николов (22 год, 188 см) од денеска е нов член на МЗТ Скопје Аеродром, Со шампионите на македонија, Николов потпиша едногодишен договор со нашиот клуб.

Станува збор за плејмејкер кој со 18 години дебитира во најсилното европско клупско натпреварување како играч на Галатасарај, а претходно, со 15 години, осум месеци и девет дена настапи во дресот на Македонија на средба против Русија во 2012 година.

Тој во таборот на гигантот од Истанбул замина во 2014 година и се задржа во следните две сезони, по што мина извесен период во екипите на Јесилгиресун во два наврати, Трабзонспор и Истанбул ББ. Минатата сезона ја одигра во дресот на Петким.

извор/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top